Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 163.836 статии на македонски јазик и 279 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмаркмакедонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 1 септември 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1752  Ѕвоното на слободата пристигнува во Филаделфија.
1804  Јунона, еден од најголемите астероиди во главниот појас, била откриена од германскиот астроном Карл Лудвиг Хардинг.
1897  Се отвора подземното метро во Бостон, станувајќи првото од тој вид во Северна Америка.
1905  Алберта и Саскачеван се придружуваат во Канадската конфедерација.
1939  Со инвазијата на нацистичка Германија врз Полска започна Втората светска војна.
1985  Заедничка американско-француска експедиција ги открива остатоците на Титаник.
1992  Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва.
2004  Во рускиот град Беслан започна заложничката драма, кога група вооружени чеченски терористи го нападнаа основното училиште во овој град во Јужна Осетија.

Родени:

1453  Гонсало Фернандес де Кордобашпански војсководец.
1566  Едвард Алејнанглиски глумец.
1588  Анри II — принц од Конде, француски благородник.
1653  Јохан Пахелбелгермански композитор.
1795  Џејмс Гордон Бенетамерикански издавач на весник.
1835  Вилијам Стенли Џевонс — англиски економист.
1854  Енгелберт Хумпердинк — германски композитор.
1856  Сергеј Виноградскируски научник.
1858  Трајко Китанчев — македонски општественик, литерат, револуционер, просветен работник.
1863  Александар Танев — генерал во бугарската армија.
1888  Андрија Штампархрватски физичар.
1896  А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада — индиски хиндуистички теолог.
1898  Димитар Талев — македонски и бугарски писател.
1899  Герман Дамовскикомунистички деец.
1906  Франц Библ — германски композитор.
1920  Ричард Фарнсворт — американски глумец.
1923  Роки Марчано — американски боксер.
1929  Ане Рамси — американска глумица.
1939  Лили Томлин — американска глумица и комичарка.
1940  Гордана Михаилова Бошнакоска — македонска поетеса, писателка и есеистка.
1942  Ц. J. Шери — американски писател.
1945  Харис Силајџиќ — босански политичар.
1948  Љубомир Цуцуловски — македонски филозоф.
1950  Филип Фулмеррагби-тренер.
1950  Михаил Фрадков — руски политичар и поранешен премиер на Русија.
1955  Брус Фокстон — англиски рок-музичар.
1957  Глорија Естефан — кубанско-американска пејачка.
1958  Сергеј Гармаш — руски и советски глумец.
1959  Кени Мајн — американски спортски новинар.
1960  Марко Млинариќ — југословенски и хрватски фудбалер.
1962  Руд Гулитхоландски фудбалер.
1966  Тим Хардавеј — американски кошаркар.
1970  Вана — хрватска поп-пејачка.
1980  Крис Ригот — англиски фудбалер.
1983  Хосе Антонио Рејесшпански фудбалер.
1983  Кирил Терзиев — бугарски борач.
1986  Гаел Монфис — француски тенисер.
1989  Бил Каулиц — германска поп-рок ѕвезда.
1989  Том Каулиц — германска поп-рок ѕвезда.
1989  Даниел Стариџ — англиски фудбалер.
1992  Кристјано Бираги — италијански фудбалер.
1994  Бијанка Рајан — американска пејачка.
1995  Мунир Ел Хадади — шпански фудбалер.
1995  Огњен Јарамаз — српски кошаркар.
1996  Итана Грбиќ — црногорска ракометарка.
2002  Георгиј Судаков — украински фудбалер.

Починале:

1159  Адријан IVримски папа.
1557  Жак Картие — француски морепловец.
1648  Марин Мерсене — француски математичар.
1687  Хенри Мор — англиски филозоф.
1715  Луј XIV — француски крал.
1957  Денис Брајан — англиски музичар.
1970  Франсоа Шарл Моријак — француски писател.
1985  Стефан Белоф — германски тркач со коли.
1988  Луис Алварес — американски физичар и нобеловец.
1994  Борис Маленко — професионален американски борач.
1997  Золтан Цибор — унгарски фудбалер.
1998  Петар Шегедин — хрватски писател.
2003  Тери Фростбритански глумец.
2006  Нели Конали — жена на тексашкиот гувернер Џон Конали.
2025  Греам Грин — канадски глумец.
2025  Џо Багнер — британски боксер.

Празници:

Ден на независноста на Узбекистан.
Прв учлилиштен ден.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Бродоломот на „Кабо да Санта Марија“ во Боа Виста, Зелен ’Рт, насукан во 1968 г.
Дали сте знаеле...


Михаил VIII Палеолог
Михаил VIII Палеолог


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 163.836 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич